Популарниот шоумен, актер, музичар и пистаел Игор Џамбазов (60) кој беше гостин во Божиќното издание на емисијата ,,Нешто конкретно” раскажа многу приказни за себе и за неговиот живот.
Познат како интерсен соговорник, тој раскажуваше дека многу добро го познава секое населено место во Дојран, каде можел да го помине денот со само 500 денари.
-Кога можев да одам на одмор на Малдиви четири месеци, јас одев во Пехчево на рибник, а во Дојран можам да живеам со 500 денари на ден, кажа Џамбазов.
Ги спомна и своите родители, легендарните Анче и Александар Џамбазови. Најконструктивна критика во животот добил од својата мајка која му рекла: „Тоа што луѓето те познаваат на улица не значи дека си добар глумец“, критика која многу му помогнала во животот.
Го послушал и советот на својот дедо да не се појавува во телевизиските проекти „Македонски приказни“, а неговиот татко ги избришал броевите на сите автори што не дошле на неговата промоција на книга.
За поранешната партнерка, планинарката Илина Арсова (41), кажа дека имале филмска љубов.
-Јас имав нешто што во книгите го нема, таква врста на наплив, на љубов, на среќа, на страст… и од сето тоа останаа пар фотографии, неколку поетични размислувања, една песна и спот, но сепак остана нешто, нашето беше баш како на филм – ние сме во најголема љубов, ама нема да бидеме заедно- откри Џамбазов.
Инаку, тој има редовни настапи во локали и на разни манифестации во земјава. Ќе биде дел од музичките гости и во Вевчани, на традиционалниот карневал кој се одржува од 12-ти до 14-ти јануари.
Вики Клинчарова