Актерот Игор Џамбазов е добитник на годинешната награда за животно дело насловена по неговиот дедо Петре Прличко, објави Македонскиот народен театар.
Џамбазов е актер за кој безброј пати е констатирано дека е заштитен знак на македонскиот театар и филм. Преку неговите остварени ликови, се испишува и еден голем дел на историјата на театар, во која ги остварува некои од своите најпознати улоги и во кои своите ликови ги реализира на начини кои го вреднуваат на највисокото и најпрепознатливо ниво, се вели во соопштението на МНТ.
Џамбазов (1963) скоро пет децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ, како и на сцените на други театри се испишува и дел на историјата на театарот. Тој е актер за кој безброј пати е констатирано дека е заштитен знак на македонскиот театар и филм. Во НУ Македонскиот народен театар – Скопје е вработен од 1992 година. Претходно, од 1987 до 1992 година работи во Драмски театар – Скопје, откако дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје.
Преку неговите остварени ликови, првенствено на сцената на Македонски народен театар и Драмски театар – Скопје се испишува и еден голем дел на историјата на театарот во периодот помеѓу 1984 и 1996 година, декада во која ги остварува некои од своите најпознати улоги и во кои своите ликови ги реализира на начини кои го вреднуваат на највисокото и најпрепознатливо ниво. Истото се докажува и со последните негови остварени улоги во кои е евидентно неговото стекнато искуство, актерска зрелост и изразена моќ во сигурноста на говорот и односот на сцената.
Џамбазов е една од доминантните појави и опстојби на македонската актерска сцена, актер кој се разви во уметник со огромна дарба и разнобразен репертоар. Неговиот актерски опус го разви во комплексна актерска личност која реализира карактерно моќни креации – речиси секогаш главни ликови. Со постојаноста на квалитетот на сцената, на филмското платно, на телевизискиот екран и на уште низа настани во чија реализација учествува, Џамбазов е вредносен носител на реализации преку кои тој е запаметен/се памети како човек/актер/уметник кој плени, а на сето изминато време му дава значаен белег“.