Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со оглед на состојбата со пандемијата на COVID 19 и донесените препораки за превенција, преку видео-конференциска врска вчера оддржа седница. на која одлучи дека Комисијата за приемен испит законито ја утврдила ранг листата на седмата генерација на слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители обвинители.
„Почетната обука со теоретска настава, за 7-мата генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, ќе започне на 01.09.2020 година, а во зависност од состојбата со пандемијата на COVID 19 на територијата на Република Северна Македонија и препораките за превенција, за начинот на одвивање на наставата, слушателите ќе бидат дополнително известени“, соопштија од Академијата.