Идниот премиер: Минималната плата мора да продолжи да расте

by fokus

Идниот премиер Димитар Ковачевски во новогодишното обраќање до граѓаните порача дека 2022 година ќе биде година на економијата.

-2022 година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред се економски план. Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Минималната плата мора да продолжи да расте, а со неа ќе растат и просечната плата, пензиите, додека невработеноста и натаму ќе опаѓа. Тоа ќе го постигнеме со одговорна и посветена работа, заедно со мојот тим и заедно со вас граѓаните, порача Ковачевски.

Поврзани новости