Рускиот претседател Владимир Путин во февруари ќе ја посети Турција, каде што ќе разговара пред се за ситуацијата во Украина, потврди денеска помошникот на Путин – Јуриј Ушаков, додавајќи дека посетата е во подготовка.
Ушаков во разговор со новинарите повтори дека Русија била и се уште е отворена за преговори, но, како што истакна, нема со кого да се разговара.
Помошникот на Путин потсети дека Киев им забранил на своите функционери да преговараат со Москва, се додека на власт е претседателот Владимир Путин и во тој контекст посочи дека преговорите не биле прекинати од руска, туку од украинска страна.
Да потсетиме, тоа претходно го потврдија и украински функционери, неколкумина од нив, наведувајќи дека мировниот договор кој речиси бил потпишан на крајот пропаднал, бидејќи интервенирал поранешниот британски премиер Борис Џонсон.