Истите вредности и ставови ќе ги застапувам и во иднина, тврди за Фокус политичкиот аналитичар Сашо Клековски.
Тој по триесетгодишно искуство во граѓанскиот сектор одлучи да премине во политика, односно влезе во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
На нашето прашање дали со овој чекор досегашниот аналитичар ги доведува во прашање неговите независни експертски ставови, Клековски вели:
-Да бев партиец, ќе одговорев со прашање дали е доведена во прашање независноста кога биле во НВО повеќемина во сегашната Влада како Бојан Маричиќ и Марјан Забрчанец?
–Јас истите вредности и ставови ќе ги застапувам и во иднина зашто за мене како човек и стручњак повеќе ќе говори иднината, дали партијата ме сменила и за власт сум се откажал од моите вредности и ставови, тврди Клековски.
Повеќе за преминот од граѓанскиот сектор во политика читајте во новиот број на неделникот Фокус.
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК