Идната недела судот ќе одлучи дали Николоски го наклеветил Заев

by fokus

Идниот четврток Граѓанскиот суд ќе одлучи дали потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски го наклеветил премиерот Зоран Заец со изјавата дека тој е врвот на пирамидата во случајот „Рекет“. Овој судски процес дојде до финална фаза, а денеска во скопска „двојка“ завршни зборови дадоа адвокатот на Заев, бидејќи тој лично не дојде во судница и Николовски.

Заев не дојде на судското рочиште, а неговиот адвокат Лазар Сандев изјави дека Николоски му го нарушил угледот на премиерот без докази. Николоски пак очекува судт да донесе пресуда во негова корист.

-Јас сум апсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него. И тој не се појавува на рочиштата на кои што ме тужи мене. вистината е јасна и едноставна, тоа е дека во Македонија имаше рекет, дека предмет на рекет беа повеќе од еден бизнисмен, дека беа изрекетирани многу средства, дека имаше јасна пирамида и јасно е кој беше на врвот на таа пирамида, изјави Николоски.

Поврзани новости