Поранешниот Народен правобранител, Иџет Мемети и сегашен заменик претседател на Советот на јавни обвинители тврди дека не го познава поранешниот градоначалник на Ново Село Боро Стојчев, ниту неговиот син кој пријавил во полиција.
-Убеден сум дека не е коректно во овој момент било што да кажам, затоа што сметам дека потребно е да се остават правосудните органи професионално да постапуваат. Од друга страна одговорно изјавувам дека ништо противзаконито не сум направил и тоа ќе се одкаже преку постапка. Толку можам да кажам за јавноста, изјавил Мемети за „Телма“.
Мемети утре треба да се појави во Кривичен, каде судија на претходна постапка ќе одлучува по барањето на обвинителството да му се определат мерки на претпазливост, одземање на пасош и редовно јавување во суд.
Советот на јавни обвинители најави дека следната недлеа ќе одржи сединица или ќе излезат со соопштение.