4
Четворица израелски војници загинаа, а шестмина се ранети за време на судирите со оперативците на Хезболах во јужен Либан во средата попладне, соопштија денеска израелските одбранбени сили (ИДФ).
Загинатите војници служеле во бригадата Кармели на 222-от баталјон, објави „Тајмс оф Израел“.
Според првите резултати од истрагата на ИД, неколку оперативци на Хезболах излегле од тунелот и фрлале гранати врз војниците.
Војниците возвратиле, но се уште не е познато колку оперативци на Хезболах биле погодени.
Од шестмината ранети војници, тројца се во тешка состојба.