Идентификувани загинатите во пожарот во Тетово

by fokus

Преку ДНК анализи идентификувани се 14 лица коишто загинаа во пожарот. На обдукција е донесено и телото на помлада пациентка којашто починала непосредно пред пожарот.

„Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина“, вели првиот човек на Институтот за судска медицина, Александар Станков за ДВ.

Во текот на денот се очекува телата да им бидат предадени на семејствата на починатите.

Фото – Томислав Георгиев

Поврзани новости