531
Шефот на Обвинителството во Техеран, Мохамад Шариари денеска изјави дека до сега се идентификувани 100 луѓе од соборениот украински патнички авион во Иран.
– Идентификувани се 100 жртви благодарение на неуморните напори на нашите колеги и форензичарите. До сега телата на 30 жртви се предадени на нивните семејства, посочи Шариари.
Тој додаде дека продолжува процесот на идентификација на жртвите, како и дека истиот ќе биде завршен до крајот на неделата.
Иранската армија призна дека ненамерно го соборил украинскиот авион при што загинаа 167 патници и членови на екипажот.