За време на операциите на ИД во Газа, елиминирани се тројца терористи, соопшти израелската армија, со можност меѓу нив да е и лидерот на Хамас, Јахја Синвар.
„ИД и ИСА ја проверуваат можноста еден од терористите да е Јахја Синвар. Во оваа фаза не може да се потврди идентитетот на терористите“, велат тие
During IDF operations in Gaza, 3 terrorists were eliminated. The IDF and ISA are checking the possibility that one of the terrorists was Yahya Sinwar. At this stage, the identity of the terrorists cannot be confirmed.
In the building where the terrorists were eliminated, there…
— Israel Defense Forces (@IDF) October 17, 2024
„Во зградата каде што беа елиминирани терористите, немаше знаци за присуство на заложници во областа. Силите кои дејствуваат во областа продолжуваат да дејствуваат со должна претпазливост“, соопшти ИД.