Институт за демократија: Наместо амнестија, потребна е одговорност за 27 април

by Фокус

Крвавите настани во парламентот лани на 27 април беа насилен обид за спречување на промена на власта, па со иницијативата за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ се доведуваат во прашање владеењето на правото, неприкосновеноста на туѓиот живот и демократските процеси, реагираат од Институтот за демократија.

„Истовремено, намерите на еден ваков закон се во директна спротивност со заклучоците на Европскиот Совет во врска со Македонија. Во заклучоците јасно се вели дека „ …одговорност за нападот на парламентот на 27 април мора да биде утврдена.“ Следствено, со оваа законска иницијатива директно се подриваaт шансите на Македонија за отпочнување на преговорите со оглед на тоа што свесно се оди против заклучоците на Советот“, стои во нивниот апел.

ИД ги повикува сите страни да водат сметка за државните стратешки интереси и иднината на Македонија.

„Ефикасна и неселективна правда за сите од страна на судскиот систем е главна задача за иднината на државата. Правдата доцни и дополнително се отежнува од вакви законодавни иницијативи. Наместо амнестија, треба одговорност за сторителите, но и за организаторите на настаните на 27 април“, истакнуваат од Институтот.

Поврзани новости