По заедничката фотографија на Самка Ибраимовски со Амди Бајрам, направена по изгласувањето на уставните измени во Собранието, од која медиумите заклучија дека двајцата пратеници се смириле, Ибраимовски демантира.
-Сликањето не значи и помирување ве молам да ја демантирате таа слика, јас седев со сите пратеници и во моментот дојде Амди Бајрам и не слика некој од пратениците затоа ве молам дека сликата не значи и помирување, затоа барам да се демантира, ние сме само колеги пратеници, односот мој и мислењето кон неговата партија останува иста јас не сум во коалиција со Сојузот на Роми, партијата Пцер е во коалиција со СДСМ, и така останува.
Пцер е сериозна партија со сопствена визија за интегритетот на Ромите во дрзавата и унапредуванје на заедницата како и сите други заедници- стои во неговата реакција.