Ме судат зашто сум донел законска одлука, рече поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, на денешната седница пред петтемина апелациски судии, како обвинет за случајот „Титаник 2“.
Тој посочи дека му било ускратено правото да му се суди пред независен и непристрасен суд и побара судот да ја укине првостепената пресуда.
Ибраими истакна дека првостепениот суд донел погрешни заклучоци, бидејќи, според него, основа за поништување на гласањето е фактот што немало вишок ливчиња во кутијата.
Патем, тој направи паралела меѓу неговиот разговор со Мендух Тачи и разговорот меѓу Радмила Шекеринска и Фатмир Бесими, кои исто така разговараат за гласање на седница на ДИК.
-Годината е иста, изборите се исти. Кој беше сигурниот глас на СДСМ, тогаш?“, праша Ибраими.