648
Назначувањето на Карло Анчелоти за менаџер на Евертон, кое се очекува да биде официјализирано во понеделник, би можело значително да ги промени плановите на Златан Ибрахимовиќ.
Според „Дејли телеграф“, 38-годишниот Швеѓанец би прифатил предлог да заигра на „Гудисон парк“, токму поради италијанскиот стратег.
Ибра ќе биде слободен агент во јануари, а нашироко се шпекулираше дека ќе се врати во Серија „А“. Милан и Наполи беа идентификувани како фаворити за неговиот потпис, но заминувањето на Анчелоти од клубот од Неапол го смени планот.
Ибрахимовиќ и Анчелоти работеа заедно во Пари Сен Жермен, и двајцата одржуваат добри односи.