647
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој со Шведска во четврток ќе се обиде да ја совлада Чешка и да измине една пречка кон пласман за СП во Катар.
Тој пред медиумите порача дека наскоро би можел да ја заврши својата кариера и дека чувствува паника.
„Чувствувам мала паника поради можноста да престанам да играм. Сигурно, ќе продолжам да играм додека можам, додека можам да постигнувам резултати, без притоа да страдам. Не знам што ќе биде кога ќе престанам да играм. Можеби ќе започнам нешто ново или ќе исчезнам потполно. Мислам дека вие ќе бидете потажни кога нема веќе да играм. Сега треба да се забавувам, повеќе нема да видите вакво нешто“, истакна Ибрахимовиќ.