899
Зекирија Ибрахими од Алтернатива вечерва гостуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, каде посочи дека ќе се изненадиме и додаде дека во понеделник ќе се објави ново владино мнозинство.
Иначе, претходно тој истакна дека во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е формирањето на ново мнозинство, а од нив има и поддршка.
-Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка, истакна Ибрахими.
Ибрахими додаде и дека веќе се разговара за „поделба на колачот“ за јавните претпријатија во рамките на Град Скопје.