480
Пратеникот и генерелен секетар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека сепак имал одобрение од претседателот на партијата Африм Гаши за објавување на предлогот за формирање Заедница на албански општини во Македонија по примерот на Заедницата на српски општини во Косово.
-Техничка работа е тоа дали сме го договориле ставот на ниво на партиските тела. Јас мислам дека и партијата го поддржува ова. Пред да објавам, јас се консултирав со претседателот Гаши. Текстот е објавен со согласност од Африм Гаши, рече Ибрахими.
Ова е делумна промена на ставот на Ибрахими, кој вчера изјави дека ставот за Заедницата на албански општини е лично негов, а за ставот на Гаши треба тој лично да се праша.