Златан Ибрахимовиќ се враќа на „Сан Сиро“, иако не како тренер, како што објави италијанскиот печат, туку како „десна рака“ на првиот човек на клубот, Гери Кардинале.
„Извршен соработник“ и „виш советник на сопственикот“ се приближно „титулите“ што ќе ги донесе Ибра на „Сан Сиро“, на кој се врати шест месеци по завршувањето на кариерата и збогувањето со црвено-црниот дрес, кој го носеше 163 пати и со него освои две „Скудета“.
Кардинале, американски бизнисмен со италијанско потекло, со тоа стави крај на шпекулациите дека Ибрахимовиќ, всушност, ќе се врати кај Росонерите како наследник на разнишаниот Стефано Пиоли на клупата.
Во инвестицискиот фонд RedBird, кој го поседува Кардинале, го гледаат како човек кој во иднина ќе им даде спортски карактер на деловните одлуки и ќе биде нешто како креатор на идниот идентитет на Милан во однос на спортот и конкуренцијата. Неговиот непоколеблив победнички дух сакаат да го претворат во деловна политика на клубот, кој според италијанските медиуми е во транзиција кон идни сопственици.
🚨🔴⚫️ Official, confirmed. Zlatan Ibrahimović returns to AC Milan as right hand of Red Bird’s Gerry Cardinale.
“My love for AC Milan is always strong. It was a dream to return again. I’m gonna help AC Milan and Red Bird in different areas”. pic.twitter.com/w4mVLjAnAc
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 11, 2023
Во меѓувреме, улогата на Ибрахимовиќ (42) е дополнително да ја зајакне позицијата на клубот на меѓународната сцена, а со тоа да ја зголеми неговата вредност на пазарот.
„Како „извршен соработник“ на компанијата RedBird, Ибра ќе работи со тимот кој се занимава со глобални инвестиции и помага да се подобри спортското портфолио на целата организација“, ја објасни својата улога во компанијата, а потоа и во самиот клуб.
„Во Милано ќе биде вработен како „виш советник на сопственикот“. Неговата задача ќе биде да комуницира како врска помеѓу сопственоста на клубот и оперативното управување, тој ќе има активна улога во спортските и деловните активности на клубот, а особено во обновата на шампионскиот менталитет на Милан“, се вели во соопштението на Фондот РедБрд.