Иако заменикот на Филипче поднесе оставка поради митото, се уште ја врши функцијата

by Фокус

Се уште актуелниот заменик-министер за здравство Асим Муса, кој најави дека ќе си поднесе оставка откако новинари на Top Channel го сминија како договара и зема мито за операција на граѓанин на Албанија, денеска на фејсбук објави фотографија од болницата во Струга, каде тој и министерот Венко Филипче ја разгледуваат компјутерската томографија.

„Еден од моите приоритети Болницата во Струга и стружани имаат потреба за СТ (компјутерска томографија) стана реалност“, напиша Муса.

Инаку, оставката на Муса следува дека откако во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, а од ДУИ се пофалија дека не се како другите и дека нивни функционери поднесуваат оставки и за 50 евра.

Поврзани новости