Врховниот суд не ги прифати барањата на поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски и неговата колешка Рахилка Стојковска да се изземат дел од судиите што треба да одлучуваат по жалбите што ги поднесоа двајцата судии по одлуката на Судскиот совет да бидат разрешени.
-Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, одржана на 3.3.2020 година, одлучи по барањата за изземања на членови на жалбените совети по два предмети оформени (заведени) по жалба пред Врховниот суд, против одлуката на Судскиот совет за разрешени судии, при што истите не ги прифати, се вели во соопштението.
Сепак од судот не соопштуваат за кои судии се барало да бидат изземени од советите, но и не го сооопштуваат датумот кога ќе се одлучува за жалбите на Вангеловски и Стојковска, односно кога конечно ќе биде донесена одлука дали судиите ќе бидат или нема да бидат разрешени.
Судскиот совет ја донесе одлуката за нивно разрешување в септември 2019 година и уште нема одлучувано по нивните жалби и одлуките не се правосилни.