662
Британскиот премиер Борис Џонсон е во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус, изјави портпаролот на кабинетот, пренесува Би Би Си.
– Тој ќе продолжи да работи од неговата канцеларија на Даунинг стрит, oсобено на стратегијата на владата против пандемијата на коронавирусот, додаде портпаролот.
Џонсон беше хоспитализиран со коронавирус во април.
– Овојпат, премиерот е добро и нема симптоми на Ковид-19, рече портпаролот.