698
Тоа што го наумиле, тоа и го образложија, изјави на таткото на Бојан Јовановски – Боки 13, по изречените пресуди во судскиот процес „Меѓународен сојуз“, во кој тој доби условна казна, а неговиот син е осуден на 9 години затвор.
Според Миле Јовановски, станува збор за одмаздничка пресуда затоа што, како што рече, Бојан презентирал пораки од мобилниот телефон кои се инкриминрачки за обвинителката Вилма Русковска, но и за други функционери.
-Денеска умре правдата во Македонија… Слушнавме одмазднички пресуди, донесени без докази. Наместени онака како што нив им одговара – рече Јовановски.
Тој нагласи дека и поранешниот премиер Зоран Заев знаел за активностите на „Меѓународен сојуз”, но сега, како што истакна, и тој и другите се кријат и молчат.