И Заев и Мицкоски се уверени во победа на избори!

by Fokus

Како што премиерот Зоран Заев е сигурен во победа на СДСМ на претстојните локални избори кои ќе се одржат во недела, со ист жар, и неговиот политички ривал Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, уверува во голема победа на неговата партија.

-Слушајте ме, добро сум информиран, нашиот политички противник ќе победи во шест општини, а коалицијата предводена од СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг или 3,5 пати повеќе, порача Заев завчера на митингот во Автокоманда.

Запрашан што мисли за ова тврдење на Заев, и дали доколку неговите прогнози се остварат планира да замине од лидерската позиција, Мицкоски за ,,Фокус” вели дека според него, ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе победи на овие избори.

На прашањето пак, дали како лидер на партија, смета дека го дал својот максимум, за да може ВМРО ДПМНЕ да очекува добри изборни резултати, тој одговара дека народот е тој кој треба да процени дали лидерот работел добро.
-Сам за себе не е достојно да се зборува. Ќе оставам луѓето да дадат оценка за сработеното од моја страна. Убедливо ќе победи ВМРО ДПМНЕ на овие избори – порача Мицкоски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости