И за Белорусија сме непријатели

by Fokus

Белоруската Влада одобри список на непријателски земји, а на Националниот правен интернет портал денеска е објавена и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс.

Покрај земјите-членки на Европската унија, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.

Одлуката стапува во сила на денот на официјалното објавување.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша декрет со цел, како што се наведува, „да ги заштити националните економски субјекти од задолжување со средства од нивните сметки на барање на резиденти на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица“.

Белорусија не учествува во војната на Русија во Украина, но ја поддржува и е под низа санкции од западните земји.

Поврзани новости