И „Водовод“ со нов директор – Перински на местото на Весковски

by fokus

Златко Перински e нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, соопштија од Град Скопје.

-Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар Борис Трајковски. Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија, се вели во соопштението од Градот.

Перински доаѓа на местото на Душко Весковски кој на последите локални избори беше кандидат за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ.

Поврзани новости