477
Демонстранти, кои се приврзаници на Владата во Каракас, насилно влегоа во Парламентот на Венецуела и повредија неколкумина пратеници и новинари.
Голем дел од напаѓачите носат качулки. Облечени се во црвено (боја на владејачката партија) и речиси сите носат дрвени палки.
Според локални медиуми, најмалку четворица пратеници се потешко повредени.
На снимките од нападот се гледаат двајца опозициски пратеници со раскрвавени глави, а проопозицискиот сајт „Ла Патилја“ објави дека неколкумина пратеници биле нападнати од толпа.
„Неколкумина се повредени во националното собрание откако беа претепани од насилна група“, пишува „Ла Патилја“.
Парламентот требаше денеска да има посебна седница по повод Денот на независноста.