Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека формулацијата дека Македонија нема да се меша во внатрешната политика на Бугарија кон малцинствата е прифатена од влади предворени и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.
Со оваа формулација Македонија се откажа од македонското малцинство во Бугарија.
-Тука се прави хистерија во јавноста. Да не заборавиме дека ова прашање е решено со Декларацијата од 1999 година со влада во која била ВМРО-ДПМНЕ, а потврдено со договорот од 2017 година со влада на СДСМ. Значи двете влади ја имаат прифатено истата формулација: дека не се мешаме во начинот на кој Бугарија се однесува кон малцинствата, рече Османи.
Тој дообјасни дека Македонија не треба да изјави дека нема Македонци во Бугарија, туку едноставно да не се меша.