И Владо Мисајловски го прослави отворањето на автопатот Демир Капија-Смоквица: Ова се делата на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Поранешниот министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО ДПММЕ, Владо Мисајловски, денеска се сликаше со македонско знаме пред тунелите на автопатската делница Демир Капија-Смоквица. Тој на свој начин го прослави отворањето на делницата, откако вчера Владата пресече лента, а компанијата АКТОР организираше прослава со ора и чочеци

-Ова е еден од најубавите проекти, ова се делата на ВМРО-ДПМНЕ. Вака се сака Република Македонија, сложно и работно. Ова е ВМРО-ДПМНЕ, ова е Македонија – порача Мисајловски во видео пред тунелот.

Македонија се сака со многу работа, труд и посветеност. Македонија се сака со нови проекти и подобра економија.Македонија се сака со срце !!!#ВМРОДПМНЕ

Publiée par Vlado Misajlovski sur Mardi 24 avril 2018

Поврзани новости