И „Викторија Сикрет“ застана зад Чико – парализираното куче од Македонија кое бара помош!

by lali

На официјалната фејсбук страница на „Викторија Сикрет“, еден од најголемите и најпознати производители на женска долна облека и на козметика ширум светот, вчера осамна сликата од Чико – кучето од Македонија кое е парализирано и на кое очајно му треба помош.

„Ние дониравме, дали дониравте и вие? Запамтете, ние нашите производи не ги тестираме на животни! Ве молиме, проширете ја оваа порака“, се вели на официјалната Фејсбук страница на „Викторија Сикрет“.

Оние кои се грижат за Чико, велат дека станува збор за чудо од куче. Тој бил удрен од кола и оставен да се мачи со денови – прегладнет, гладен, жеден, без никаква помош. Хумани граѓани го нашле дури после неколку денови, кога Чико бил на работ од смртта… Но, иако преплавен од болви, целосно дехидриран и прегладнет, тој не се предавал.

Грижата на љубителите на животните си го направиле своето. Сега Чико е среќно куче, иако е парализиран на задните нозе. Тој никогаш нема да може слободно да се движи, но оние што се грижат за него велат дека ова 10-месечно кутре својот хендикеп го прифаќа како вистински херој и се радува на секоја секунда помината со неговите спасители.

На Фејсбук страницата за Чико може да се видат начините како може да му се помогне на ова кутре, за тој да добие количка со која ќе може да се движи, љубов и постојан дом.

 

 

Поврзани новости