531
И вечерва пред Владата се насобраа граѓани кои протестираат против францускиот предлог. Тие со свирежи и пцовки го изразуваа својот револт.
Бројот на демонстрантите вечерва е помал, најверојатно поради силниот дожд и ветер кој зафати делови од главниот град. Но присутните со чадор во рака бараат од македонската влада да не го потпише францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.