Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е меѓу осомничените во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, поврзана со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет.
Со истрагата се опфатени и повеќе лица меѓу кои Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ. Се вршат претреси на повеќе локации, покрај Скопје, претреси има во Кичево и Пласница.
Полицијата и Јавното обвинителство потврдуваат дека во истрагата се опфатени уште десетина лица, меѓу кои, покрај Ковачевски, и поранешните директори на ЕСМ, Адријан Муча и други вработени во оваа државна компанија, но и лица од фирми кои наводно нелегално набавувале и дистрибуирале деривати. Ковачевски е во бегство поради друга истрага што се води против него.
Засега нема информации колку од осомничените се приведени и дали некои од нив веќе се изведени пред судија. Според информациите, најмалку еден од осомничените во оваа истрага е опфатен и во предметот „Адитив“ и веќе се наоѓа во притвор.