388
И утринава пристигнале нови дојави за бомби во две основни училишта во Скопје. Станува збор за училиштата „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром.
Полицијата е на терен, се пребаруваат просториите, а подоцна ќе излезат со официјално соопштение.
Освен во средни и основни училишта, анонимни дојави за поставени бомби nа почетокот на неделава имаше и во институции и трговски центри.