932
Времето и утре ќе се задржи променливо облачно и студено, во северните и источните делови со повремени локални врнежи од снег со послаб интензитет, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува засилен северен ветер (локално и над 60 км/час). Потоа следува период на стабилно време, до сабота со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.