И Ципрас ја прифати номинацијата за Нобелова награда за мир за Договорот од Преспа

by fokus

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од ректорот Нано Ружин и Сефер Цаноски, сопственикот на Универзитетот ФОН во Скопје денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Цаноски на Фејсбук објави дека Ципрас ја прифатил номинацијата за Нобеловата награда.

-Го информиравме за нашата иницијатива каде тој со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи , добитник на нобелова награда за мир во 2015 година. Историскиот преспански договор, но и самите тие како лидери на новото време кои имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои со децении се водеа наназад ,со една единствена цел да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи.
Начинот на кој решија во принцип тежок идентитетски спор, со дипломатски средства , е посебен успех кој како пример и модел ќе се користи убеден сум во регионот и пошироко. Вакви идентитетски конфликти се најтешки за решавање и често остануваат „замрзнати конфликти” – сакам да нагласам, тоа е посебен успех. Затоа, и двајцата, г. Ципрас и г. Заев заслужуваат да бидат новите лауреати и добитници на Нобелова награда за мир за 2019 година.“, напиша Цаноски.

Поврзани новости