868
Поранешниот пратеник Трајко Вељаноски од денеска е на слобода, односно излегува од куќен притвор, кој му беше одреден по пресудата за „Организаторите на 27 април“.
Поточно, Апелациониот суд му ја прифатил поднесената жалба и му ја прифатил гаранцијата од над 200.000 евра.
Тој минатата година, со првостепена пресуда, беше осуден на 6,5 години затвор.
Од вчера му е укинат и куќниот притвор на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.