Денеска, освен Сашо Мијалков, со обвинителката Лиле Стефанова за случајот „Империја“ се спогоди и некогашниот директор на офшор компанијата „Ексико“, Тодор Мирчевски. И тој како и Мијалков призна вина и се согласи да лежи 3 години затвор.
-Обвинетиот Т.М. со спогодбата признава дека сторил сторил кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело – од член 273 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Делата ги сторил во својство на управител и член на одбори на повеќе правни лица опфатени со постапката, при што примал и пренесувал парични средства по упатства на другите членови на злосторничкото здружување.
За овие кривични дела, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесената предлог-спогодба, со која обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од 3 години, информираат од обвинителството.