По обилните врнежи што вечерва го зафатија Тетово и околината има пријавено места кои се погодени од невремето каде има поплавено подруми, гаражи и ќуки, а исто така излеана е канализацијата од неколку шахти. Во моментов интервенираат ТППЕ Тетово.
Патот кон с.Фалише кај надвозникот е поплавен е во прекин за движење. Исто така патот што води од стадион до Касарна е поплавен и е во прекин за движење. Поплавени се улицете 141, улица Фуштанска, улица Илинденска, улица 114, улица Мирче Ацев, улица 121.
Кризниот штаб е активиран, а вработени од ЈКП Тетово се на терен со 2 багери и интервенираат на каналот што поминува низ с.Мала Речица. СВР Тетово е на терен за нормализирање на сообраќајот.
-Поројска река спрема Тетово -Јажинце е во ризик за излевање на водата. Од страна на општина Тетово е испратен багер за да не дојде до блокирање на патот Тетово-Јажинце. Се праваат напори во нормализирање на состојбата, велат од Центарот за управување со кризи.