556
Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави faktor.mk.
Па така, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое е на истата адреса на која живее и таткото на Благој Бочварски.
Таа е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари, а регистрирана е на 26-јануари.