И Талески ја откажа новогодишната забава

by fokus

Новогодишна прослава нема да има ни во Општина Битола, информираше денеска градоначалникот Владимир Талески.

Тој вели оти за оваа одлука размислувал од почетокот на месецов, по што денеска одлучиле прослава да има само за децата за кои ќе бидат одиграни четири детски театарски претстави, како и музичка забава.

– Парите наменети за новогодишната ноќ, најголем дел, ќе бидат насочени за Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, како и за социјално погодени семејства – рече Талески.

Настапот на Талески предизвика лавина реакции меѓу битолчани, кои на социјалните мрежи се потсмеваа како „градоначалникот ја откажал забавата, бидејќи совреме ги украл парите”.

Инаку, Талески беше три месеци во куќен притвор за случајот „Транспортер” отворен од СЈО, за злоупотреба на општинскиот буџет во износ од 360 000 евра.

 

Поврзани новости