695
Жител на струмичкото село Баница е приведен за предизвикување пожар. Станува збор за 29-годишниот Д. К., кој, според полицијата, запалил дива депонија.
„На 8.8.2021, околу 11.30 часот, Д. К. во близина на магистралниот пат од Струмица кон село Дабиле, запалил дива депонија со смет околу која имало нискостеблести дрвја и густа вегетација по што огнот почнал бргу да се шири предизвикувајќи пожар. Осомничениот бил приведен, а пожарот бил изгаснат“, информираше МВР.