И Срѓан Захариевски доби отказ во Вардар, му пресуди поразот од Пелистер во Битола

by Fokus

Скопски Вардар ќе го бара четвртиот тренер оваа полусезона, откако утринава отказ доби и Срѓан Захариевски. Се чини му пресуди вчерашниот пораз на „црвено-црните“ од Пелистер во Битола.

„АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман, максималниот вложен труд и голема желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени“ – стои во објавата на ФК Вардар на социјалната мрежа „Икс“.

Захариевски не успеа да ги поправи резултатите на тимот. Вардар е последен на табелата во Првата лига со 8 освоени бодови.

Во зимскиот преоден рок ќе бидат потребни сериозни промени и големи инвестиции во Вардар да излезе од дното на табелата.

Поврзани новости