Од 1 јули родителите во Србија за трето дете ќе добиваат месечно по 12.000 динари (околу 100 евра) во наредните десет години, а за четврто дете 18.000 динари (околу 150 евра), изјави министерката задолжена за демографија и популациска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ.
Таа појасни дека привршуваат законските измени кои го регулираат прашањето на финансирањето, односно Законот за финансиска поддршка на семејството и Законот од сферата на биомедицински потпомогнато оплодување.
– Тоа се мерки кои директно ја ублажуваат економската мерка за воспитување на децата, и тоа третото и четвртото дете. Ако мајката во блиска иднина роди трето и четврто дете, таа ќе има 30.000 динари (околу 250 евра) со цел животниот стандард на третото и четвртото дете да биде како и на првите две, појасни Ѓукиќ Дејановиќ по објавувањето на конкурсот за распределба на средства на општините за поттик за раѓање.
Една од мерките за стимулација која треба да се примени е и таа која се однесува на жените кои родиле дете во постапка на вонтелесно оплодување дека имаат право на уште три обиди на трошок на државата.