517
Ниту враќањето на Златан Ибрахимовиќ не помогна Милан со победа да ги израдува своите навивачи на „Сан Сиро“. Росонерите попладнево одиграа реми без голови со Сампдорија (0-0)
Затоа пак, ефикасен беше шампионот Јувентус кој му даде четири гола на Каљари, три од нив се дело на Кристијано Роналдо.
Резултати на натпреварите во Серија А од 18. коло играни попладнево:
Болоња – Фиорентина 1:1
Милан – Сампдорија 0:0
Аталанта – Парма 5:0
Јувентус – Каљари 4:0.
Вечерва играат Лече – Удинезе и во дербито, Наполи – Интер.
Табела: Јувентус 45 бода, Интер 42 (натпревар помалку), Лацио 39 (натпревар помалку), Рома 35, Аталанта 34.