И претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова очекува оставки од членовите на Судскиот совет по поднесената интерпелација во Собранието. Таа вели дека иако тоа не повлекува директни оставки, сепак, носи етичка одговорност.
„Одговорни членови на Судски совет веднаш би поднеле оставка по скандалите што се случуваа, а тие таму се избрани не за да бидат судски скандал мајстор туку да оневозможуваат било какво скандализирање на независната судска власт. Еве уште очекувам да бидат доблесни и да го сторат тоа. Зошто? Бидејки познато е дека тој што ве бира ве контролира и може да ве разреши“ порача Сиљановска.
Интерпелацијата ја поддржале 67 пратеници, а за чие усвојување се потребни 61 глас.
Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во петок до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.