И Шолц ја поздрави одлуката на Собранието: Ќе бидеме покрај вас низ целиот пат

by Fokus

Германскиот Канцелар Олаф Шолц го поздрави гласањето на македонското Собрание за заклучоците и истакна дека ќе биде со Северна Македонија низ целиот пат.

„Го поздравувам гласањето на македонскиот парламент кој го отвора патот за првите пристапни конференции на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас низ целиот пат!“, истакнува канцеларот Шолц.

Поврзани новости