831
Премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел ниту се движел надвор од протоколот тврдат од Владата откако завчера вечерта, по враќањето од економскиот форум во Дефли, Грција беше примен на скопската Инфективна клиника со болки во стомакот.
Портпаролот Душко Арсовски на прес конференција откри дека и шефот на кабинет на Ковачевски, Мартин Попов пројавил полесни симптоми.
Од Владата велат дека сите детали околу протоколот за здравствена заштита на премиерот се службена тајна па оттука не можат да споделат информација дали Ковачевски на патувањето во Грција бил придружуван и од официјален дегустатор на храна и пијалоци.
Од Владата информираат дека Ковачевски е во добра здравствена состојба и утре ќе им се врати на секојдневните обврски.