И СДСМ тргна кон Крушево со коњачки марш на чело со Зечевиќ

by Фокус

Коњаница на СДСМ предводена од генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ- Вардарски, беше дел од коњаничкиот марш во Крушево по повод Илинден.

Маршот до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, беше организиран во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република. СДСМ како државотворна партија, со низа активности оддава почит и одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и одбележување на најголемиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката“, стои во соопштението од партијата.

На 27 јули, во организација на здружението „Илинденски коњички марш 1978“ од Горно Лисиче во Скопје по 45. пат околу 30 јавачи тргнаа кон Крушево и Мечкин Камен за прославата на Илинден. Дел од оваа коњаница секоја година се и членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои во неколку наврати беа и пратеничката Рашела Мизрахи и Александар Пандов, кои неколку денови јаваат од Скопје до Крушево.

 

Поврзани новости