И Русија протера американски дипломати

by Фокус

Лицата вработени повеќе од три години во Амбасадата на САД во Москва треба да ја напуштат Русија до 31 јануари 2022 година, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Ова следува откако официјален Вашингтон претходно нареди 54 руски дипломати да заминат од САД до јануари 2022 година.

Захарова нагласи дека таквата одлука не е избор на Русија, бидејќи, според неа, САД „наметнале слична игра” откако Стејт департментот еднострано воведе тригодишно ограничување за службени патувања за вработените во Руската амбасада во Вашингтон и Руските генералните конзулати во Њујорк и во Хјустон во 2020 година.

-До 1 јули следната година, доколку Вашингтон не се откаже од тригодишното владеење и не направи компромис, персоналот ќе продолжи да заминува во пропорционален број на Руси што го објави Стејт департментот – истакна Захарова.

Поврзани новости